Достапни линкови

Меѓуетнички односи во Дебар


Macedonia - Debar - 23Jul2010
Macedonia - Debar - 23Jul2010

Комисијата за меѓуетнички односи позитивно влијае врз одлуките на локалната власт. Според ЗЕЛС, таа е една од најактивните во земјата

Комисиите за меѓуетнички односи кои делуваат на локално ниво играат значајна улога во мултиетничките средини во нашава земја. Според ЗЕЛС во 20 општини се формирани вакви комисии, а една од најактивните е комисијата за меѓуетнички односи при Советот на Дебар. Дебарскиот пример покажува дека влијанието на комисијата е значајно во продлабочувањето на соработката меѓу сите етнички заедници кои живеат во оваа мултиетничка општина.

„Комисијата за односи меѓу заедниците е една од најактивните комисии при Советот на општината. Има советодавна улога и разгледува бројни прашања кои се поврзани со односите меѓу заедниците. Досега сум задоволен од начинот на соработка на членовите на комисијата. Во тек е реализација на проектот на Швајцарската амбасада за подобра комуникација, за опремување на канцеларијата на оваа комисија со технички уреди, а во тој контекст и на синхронизиран превод“, подвлекува претседателот на комисијата за меѓуетнички односи при Советот на општината Шанија Ајровски.
Јас како припадник на ромската заедница сум задоволен од работата на Комисијата.

Во оваа комисија е член и Џеват Куртиши, претставник на ромската етничка заедница.

„Јас како припадник на ромската етничка заедница сум задоволен од работата на комисијата. Таа ги исполнува сите поставени барања“, вели Куртиши.

Влијанието на препораките и советите на Комисијата се од големо значење и врз одлуките што ги донесува и Советот на општина Дебар, вели претседателот на Советот Низамедин Папранику.

Дебар

„Ние ги прифаќаме сите укажувања на Комисијата за меѓуетнички односи. Оваа комисија е битна за нашата мултиетничка општина. Ние соработуваме со оваа комисија многу и ефективно. Ние го применуваме и локалниот Бадинтер. Ете како пример би ја навел одлуката за промена на имињата на улиците, која беше донесена со поддршка на претставниците на сите етнички заедници.“

Членовите на оваа комисија која има членови од сите етнички заедници кои живеат во општината на бројни трибини, дебати и семинари на локално ниво даваат значаен придонес во продлабочувањето на етничката и верската толеранција во општината.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG