Достапни линкови

logo-print

САД - Подобро добра влада отколку нови избори на Косово


Американскиот амбасадор во Приштина, Кристофер Дел изјави дека ситуацијата обременета со проблеми за време на одржувањето на изборите на Косово, може подобро да биде решена со избор на добра влада отколку со организирање нови избори.
Во интервју за Коха диторе тој вели дека во идната влада треба да бидат именувани луѓе со кредибилитет за да се врати довербата на граѓаните во институциите.
Дел изјави дека во идната косовска влада не би требало да бидат луѓе кои биле осудувани, или се под истрага или биле сослушувани од Еулекс.
XS
SM
MD
LG