Достапни линкови

Владата во Тунис со компромиси до смирување на тензиите


Министерот за надворешни работи на Тунис најави дека е можно во земјата да биде формирана влада на национално единство со цел да бидат смирени тензиите. Во вчерашното телевизиско обраќање, претседателот Бен Али, кој е на чело на Тунис над 20 години, најави дека ќе се повлече од функцијата кога ќе му заврши мандатот во 2014-та, и нареди на полицијата да не пука врз демонстрантите, а вети и намалување на цените на основните прехрамбени продукти. Се проценува дека над 60 луѓе биле убиени во протетсите во Тунис што избувнаа пред еден месец поради големата невработеност и корупцијата.
XS
SM
MD
LG