Достапни линкови

Бузек бара слобода за белоруските демонстранти


Јиржи Бузек

Јиржи Бузек

Претседателот на Европскиот Парламент Јиржи Бузек денеска побара од белоруските власти да ги пуштат сите демонстранти на слобода, кои беа уапсени за време на насилните протести против новиот мандат на претседателот Александар Лукашенко. Според Бузек ЕУ мора да изврши притисок врз Лукашенко, бидејќи очигледно на белоруската Влада и недостига демократска легитимност и ако е потребно да се направи ревизија на политиката на унијата кон Минск.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин изјави дека потребно е Европа да размисли дали да ги обнови санкциите за Белорусија.
XS
SM
MD
LG