Достапни линкови

Македонија ќе добие 50 милиони евра од Светска Банка


Зоран Ставревски

Зоран Ставревски

Министер за финансии Зоран Ставрески по денешната средба со управниот директор на Светска банка Нгози Оконџо-Ивеала изјави дека Македонија од банката ќе добие околу 50 милиони евра. Парите ќе бидат наменети за подршка на буцетот, за регионалниот проект за осигурување од природни непогоди и други катастрофи, како и за продолжување на проектот за катастарот со Управата за имотно-правни работи i поддршка за реализација на проект во енергетскиот сектор.
Оконџо-Ивеала изјави дека Макеоднија остварила напредок во последниве 10 години и банката ќе и даде пари на земјата за подобрување на инфраструктурата, човечките капацитети и регионалната инеграција и отварање пазари.
XS
SM
MD
LG