Достапни линкови

ЕК -Романија неможе да излезе од Механизмот за соработка и верификација


Потпаролот на Европската Комисија, Марк Греј ја отфрли можноста Романија еднострано да излезе од Механизмот за соработка и верификација, бидејќи таа одлука може да ја донесе само Комисијата. Според Греј во Романија при пристапувањето кон ЕУ откриле низа недостатоци во реформите, поради кои ЕК го воспоставила Механизмот. Шефот на романската дипломатија Теодор Баконски претходно изјави дека ќе и го отежнат патот на Хрватска кон унијата, доколку некои земји и натаму се противат за влез на Романија во Шенген зоната.
XS
SM
MD
LG