Достапни линкови

Улиците во Битола недовршени


Битола

Битола

Опозицијата во Битола го прозива градоначалникот Владимир Талески за инфраструктурни проекти кои ветил дека ќе ги заврши до крајот на минатата година.

Топ-проект беше булеварскиот влез од страната на Прилеп кој рече дека ќе го заврши до крајот на минатогодишната градежна сезона, а се уште не е готов, вели Меторија Тасевски од СДСМ.

„Остана ископаниот стар асфалт, неасфалтирана една патна лента. Цели две градежни сезони му беа потребни за да постави 250 метри афалт, да пробие една патна лента во должина од еден километар што претставува една третина од т.н. булеварскиот влез. Со
Со пова темпо ќе ми требаат уште најмлаку четири години за да стигне до таблата која го означува влезот во Битола или да реалаизира 2,6 километри булеварски
влез.
ова темпо ќе ми требаат уште најмлаку четири години за да стигне до таблата која го означува влезот во Битола или да реалаизира 2,6 километри булеварски влез.“

Опозицијата земерува и за други улици во градот кои со месеци останале раскопани, а неасфалтурани.

„Рековте „до крајот на градежната сезона јас ви ветувам како градоначалник дека сите улици во Битола ќе бидат асфалтирани“. Рековте, но не си го одржавте зборот. Аргумент ви беше дека асфалтните бази не работат, па зошто ги раскпавте тие улици кога асфалтните бази не работат!? Зошто дозволивте граѓаните на Битола цело лето да дишат прашина, а сега во зима со кал да одат дома и на работните места?“

„Улиците и тротарите навитина ни се страшни“, велат Горан Милевски од ЛДП и Борис Чоревски од СДСМ.

Градоначалникот Талески
Значи без разлика дали календарски есента е завршена секој ден, секој миг кога е возможно да се работи, ние работиме зашто општинската програма е
обемна.
одговара дека градежната сезоната се уште е во тек.

„Концептот на градежната сезона значи секогаш кога ќе може да се работи. Значи без разлика дали календарски есента е завршена, секој ден, секој миг кога е возможно да се работи, ние работиме зашто општинската програма е обемна.“

За булевраскиот влез вели дека се појавил проблем со експропријација, кој веќе е решен.

„Ни се појави таму еден технички проблем, преклопување на парцелите од објекотот што беше изграден од „Лукоил“ со парцелите кои требаше да се искористат за булеварскиот влез, имаше поместување на оската кај булеварскиот влез и навлеговме кај ридот, па имавме задршка временска. Сега сето тоа е завршено и убедени сме дека за скоро сето тоа ќе се финализира“, објаснува Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG