Достапни линкови

Непоправен пат


Несфалтирана улица во Велес
Несфалтирана улица во Велес

Дел од улицата Максим Горки во Велес никако да стигне да се реконструира.

65-годишниот Павел Зафиров повеќе не може да молчи. Вели дека му здосадило после секој дожд да ја гледа улицата на која живее раскопана. Реагирал до надлежните, но дел од улицата Максим Горки никако да стигне на ред да се реконструира. Кога пред неколку години се цементирала улицата со свој придонес учествувале и жителите.

„Тогаш ние учествувавме и со пари и со работна рака, прво рекоа да се направи главната улица од Мегдан до џадето доле, потоа ќе ги направеле и споредните улички. Сите споредни улици се направени освен нашето што остана ненеаправено“, вели Зафиров.

Писма со молби, барања за помош, Зафиров вели дека се испраќаат постојано. Одговорот секогаш бил идентичен, сокакот кој е дел од
Да се превземе нешто благовремено, што може да се направи, ако треба и ние пак ќе помогнеме.
улицата Максим Горки ќе се направи. Проблемот е во тоа што никој не кажува кога ќе се направи, вели Зафиров.

„Да се преземе нешто благовремено, што може да се направи, ако треба и ние пак ќе помогнеме, дали со работна рака или со нешто друго, да се направи да се спасиме и ние да живееме како секој граѓанин, макар што во Велес улиците не се нај нај но ова е стварно катастрофа, спрема другите улици што се.“

Велес

По дупки не се оди, па затоа сме приморани сами да се снаоѓаме, истите да ги потполниме, додава револтирано Павел Зафиров.

„Одам од ридот копам земја со кофи го потполнувам патчето да можам да минам. Сите улици се направија само нашето остана ненаправено, страмота в 21 век да живееме во џера и кал да неможат децата навечер да се приберат, да паѓаат и нозе да кршат“, вели Зафиров.

Ваквиот начин на санација на дупките по сокакот е само до наредниот дожд. Потоа се е по старо. Зафиров реагира и на работата на ЈКП Дервен. Екипи на комуналното претпријатие, дошлe ден по невремето, но земјата од улицата Максим Горки само ја собрале на куп, кога ќе ја останат никој не кажува вели Зафиров, кој во својата исповед пред новинарите ја гледа последната шанса за решавање на проблемот со неасвалтирањето на нивниот сокак.
XS
SM
MD
LG