Достапни линкови

Либерман -Турција да се извини за „подржување тероризам“


Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман го одби барањето на Турција, Израел да се извини за нападот врз хуманитарната флотила. Осуммина турски државјани и еден Турчин-американски државјанин загинаа во мај, кога израелски командоси упаднаа на бродови што носат хуманитарна помош кон појасот Газа, по што се влошија односите меѓу Анкара и Тел Авив.
Турција бара извинување, но Либерман рече дека Турција е таа што треба да се извини за „подржување тероризам“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огради од овие изјави и рече дека Либерман зборувал во свое име.
XS
SM
MD
LG