Достапни линкови

Европски механизам за стабилност


ЕУ самитв во Брисел

ЕУ самитв во Брисел

Дводневниот самит на Европската Унија денеска во Брисел заврши со потврда на стратегиското партнерство со САД, како и со Кина и Индија. Според Претседателот на Унијата Херман Ван Ромпуј ЕУ не е економски блок туку е и важен геополитички партнер. Лидерите на ЕУ инаку се договорија да го сменат договорот од Лисабон за да биде овозможено формирање Фонд за помош на земјите од евро-зоната, наречен Европски механизам за стабилност.

Претседателот на Европската унија Херман Ван Ромпуј рече дека лидерите на европските земји се подготвени да преземат се` за да го заштитат еврото.

„Нашата посветеност е јасна. Шефовите на држави и влади на Еврозоната се подготвени да сторат се за да ја обезбедат стабилноста на Еврозоната во целина“.

Херман Ван Ромпуј ја даде изјавата откако лидерите од Унијата се согласија да направат измени на Лисабонскиот договор со кои би се овозможила помош за земјите заглавени во долгови.

„Државите членки чија валута е еврото ќе воспостават механизам за стабилност кој ќе биде активиран за да се зачува стабилноста на еврозоната во целина. Тие за таа цел ќе излезат во пресрет на финансиска подршка која согласно механизмот ќе биде строго условена“.

Херман Ван Ромпуј


За сега не се познати деталите околу механизмот кој ќе се користи за спас на задолжените земји. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо пак од своја страна изјави дека е апсолутно неопходно земјите членки да ги забрзаат структурните реформи.

„Многу од овие мерки се екстремно тешки во смисла дека создаваат непријатности во многу делови од нашите општества. Но тие мерки се неопходни за да се врата економиите на вистинскиот пат. Европа има потреба од струтктурни реформи кои ке придонесат за економски раст.“
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG