Достапни линкови

Централизирана контрола во ЕУ


Протести на Синдикатите во Шпанија

Протести на Синдикатите во Шпанија

Европската Унија се обидува да ја врати довербата во Еврозоната, тешко потресена од грчката криза. Вредноста на еврото пред две недели падна под 1,20 спрема американскиот долар за прв пат во четири години. ММФ бара централизирана контрола за да не се врати рецесијата. Повеќе земји, како Шпанија на пример, се соочуваат со незадоволство во јавните сектори од пакетот мерки за штедење.

Претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј смета дека постои широка согласност оти земјите-членки треба да си ги покажат нивните буџетски планови за следната година. Мотивот е зголемување на транспарентноста, по фактот дека Грција манипулираше со економски податоци за да се приклучи на еврозоната, а всушност не беше подготвена за тоа. Во ЕУ е формиран фонд од 440 милијарди евра за покривање на слабостите во земјите членки на евро зоната. Овој фонд е дел од поголемиот пакет на ЕУ, со поддршка на ММФ, а со цел да го смират стравот на меѓународните инвеститори дека грчкиот проблем може да предизвика домино ефект врз европските економии.
Тие не мамат и ни земаат од платите.

Од друга страна, мерките за штедење наидуваат на напад од синдикатите. Пример беше Шпанија, која мора да го намали буџетскиот дефицит од 11,2 отсто - речиси исто висок како во Грција. Таа неодамна се соочи со штрајк на 3 милиони службеници во јавниот сектор поради намерата на владата да ја намали платата за 5 насто. Работниците како Сузана не го подржуваат овој начин на штедење.

Грција, Мај 2010


„Тие не мамат. Ни земаат од платите. Нашата работа не може да се смета како помалку вредна. Јавните услуги се неопходни и благодарение на нив имаме социјална држава. Ние сега се движиме кон полошо.“

Или како што вели Антонио тие не сакаат да ја плаќаат сметката што ја направиле други.
Во демократија кризата создадена од некои не треба да ја плакаат другите.

„Ние сме тука да ја поддржиме оваа кауза, затоа што сметаме дека намалувањето на платите на државните работници е тажно. Не треба да биде дозволено, во демократско општество, кризата создадена од страна на некои луѓе да биде платена од страна на другите.“

Во меѓувреме, ММФ предупреди дека без централизирана контрола ризикуваат повторна рецесија во еврозоната. ММФ бара построга фискална политика и реформи за потикнување на растот. Во исто време, Германија откри дел од буџетот дизајниран за да даде пример на партнери во Унијата. Без именување на Франција и Германија, ММФ, од седиштето во Вашингтон, соопшти дека товарот да се постигне растот ќе падне врз рамениците на најсилните членки на еврозоната.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG