Достапни линкови

Политика и во училиштата


Во училиштето „Гоце Делчев“ прекинат тренингот по одбојка
Во училиштето „Гоце Делчев“ прекинат тренингот по одбојка

Повеќе од 60 основци, мали одбојкарки од Прилеп не можат повеќе да тренираат во основното училиште Гоце Делчев, поради партиската определба на тренерот.

Така тврди Слободан Ристески кој што два месеца одржувал тренинзи во ова училиште, се до моментот кога директорот на школото, Трајче Каралиоски му кажал дека веќе не може да ја користи спортската сала.
Ристески потенцира дека согласност за користење на салата добил токму од
Оваа е чистата вистина. Бидејќи си член на СДСМ, забрана имаш од локалната, тој човек да го тргнеш од салата, да не тренира со децата. Во уписот на децата, како членови во мојата школа, во мојот клуб, јас досега во ни еден момент го немам прашано, ниту родител, ниту дете, во која политичка припадност, припаѓаат.
Каралиоски, со кого се договорил на почетокот, наместо да плаќа кирија, да ја обележи салата. Во своето барање до Управниот одбор на училиштето тој изразува подготвеност да плаќа повисока закупнина или на друг начин што ќе го утврдат надлежните да придонесе за подобрување на условите за спортување во објектот. Но, вели барањето не е разгледано, а директорот Каралиоски веќе му ги затвори вратите на школото, оставајќи ги децата без потребниот
Учениците, одбојкари
тренинг и со порака до тренерот.



„Оваа е чистата вистина. Бидејќи си член на СДСМ, забрана имаш од локалната, тој човек да го тргнеш од салата, да не тренира со децата. Во уписот на децата, како членови во мојата школа, во мојот клуб, јас досега во ни еден момент го немам прашано, ниту родител, ниту дете, во која политичка припадност, припаѓаат. Мислам штета и стварно еве еден апел до градоначалникот“, реагира тренерот Ристески.

Поради прекинот на тренингот, вознемирени и револтирани се и родителите на учениците. Тие најавија дека ќе се организираат и ќе достават петиција за да се обезбеди простор за тренинг на децата.

„Партијата нека си ја тераат таму каде што е му е, а овде во школото, овде за
Родителите најавуваат петиција
просвета е, за спортување.“
Партијата нека си ја тераат таму каде што е му е, а овде во школото, овде за просвета е, за спортување.


„Децата се овде за да тренираат, му создаваме навика за здрав живот и мислам дека треба да му дозволат да тренираат.“

„А, мислам дека не треба да го мешаат спортот со политиката.“

„Не би било лошо да ние се организираме и побараме мислам една петицијата да салата се ослободи за овие деца.“

Но, директорот Каралиоски, ги демантира наводите на Ристески.

„Училишниот одбор ќе се состане и ќе даде мислење дали може салата да ја користи или не може, дали има слободен термин или нема. Тоа е целата вистина, значи ова е училиште, ние работиме според закон и според статут, според се она како што налагаат законите во оваа држава. Господинот Слободанчо извршил насилен упад во училиштето. Значи кога е неработен ден насилно влегол и ја користеше салата во политички цели“, вели Каралиоски.

Тој додава дека нема никаква политика во оваа негова одлука. Пред два месеца вели го примил Ристески без проблем, му дал одобрение за користење на салата, но сега смета дека Ристески мора да има потпишано договор со школото за користење на просторот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG