Достапни линкови

Партизирана култура


Драмски театар со претставата ,,Хамлет" на овогодинешното Охридско Лето

Драмски театар со претставата ,,Хамлет" на овогодинешното Охридско Лето

Ниту секторот кулутра не е заштитен од партизацијата што ја спроведува власта, велат од опозицијата обвинувајќи за партиски вработувања во ресорното министерство.

Очигледно е дека културата во земјава е партизирана. Политиката навлезе во секоја пора од овој сектор и истиот го злоупотребува. Вакви се размислувањата на поранешниот министер за култура Благоја Стефановски, во период кога опозицијата обвинува за партиски вработувања во ресорното министерство.
Значи, места на директори на национални институции ги бројат како партиски кадар за да потоа кажат пред своите штабови дека имаат свои вработувања


,,Во крајна линија ако менаџерите се примаат и се ставаат на позиција за која не се компетентни, евидентно е дека неможат да се донесат такви резултати какви што треба, без разлика на каква било инвестиција во тој домен."

Информациите дека партиски кадри се поставуваат на челните позиции во културните институции, ги
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска
негира првиот човек во министерството за култура, Елизабета Канческа Милевска:

,,Воопшто не е партизирана културата, ние дури и го сменивме самиот концепт на избори на директори, се со цел навистина да се избере личност со цел да надвладее неговата вредност, неговата уметничка вредност, неговите менаџерски способности затоа што мислам дека само на тој начин можеме да имаме еден навистина солиден развој, еден успешно општо цивилизациски развој во државата."
Воопшто не е партизирана културата, ние дури и го сменивме самиот концепт на избори на директори, се со цел навистина да се избере личност со цел да надвладее неговата вредност, неговата уметничка вредност

изјави министерката Милевска која ќе биде гостин во неделното интервју на радио Слободна Европа.
Политички притисоци имало отсекогаш, вели Стефановски. Сепак, потенцира дека бројот на луѓето кои во меѓувреме се вработиле во министерството за култура значително пораснал.

,,Ова влада го предимензионира до невидливи граници. Значи, места на директори на национални институции ги бројат како партиски кадар за да потоа кажат пред своите штабови дека имаат свои вработувања."

На проблемот со партизација на јавната администрација неколкупати досега укажуваше и меѓународната заедница. Еврокомесарот Евран Фуере изјави дека веќе подолго време во земјава има тенденција за полнење на администрацијата со партиски поддржувачи.

,,Фокусот треба да се стави на професионализација на јавната администрација. Што повеќе се зголемува јавната администрација, толку е поголем ризикот за политизација. Тоа посебно се случува пред избори. Веќе повеќе години има тенденција, не само со оваа туку и со претходните влади, за полнење на администрацијата со партиски подржувачи. Ова е спротивно на концептот на професионална јавна администрација. Во интерес на земјата и на владата е навистина да се постигне професионализација на јавната администрација со што ќе се гарантира и успешен исход во процесот на приближување и за се останато."

рече Фуере.
Инаку партиските вработувања беа предмет на расправа и на вчерашната собраниска седница. Опозицијата ја обвини власта дека неодамна вработила сопруга на пратеник во министерството за култура.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG