Достапни линкови

Цветковиќ: Белград е подготвен за дијалог со Приштина


Српскиот премиер Мирко Цветковиќ денеска во Брисел изјави дека Белград е подготвен да започне дијалог со Приштина. Тој предупреди дека замрзнувањето на конфликтот е лошо решение бидејќи не се знае кога тој проблем ќе излезе на површина. Цветковиќ во својот говор на Конференцијата за интеграција на Западен Балкан изјави дека Србија очекува до крајот на идната година да добие статус кандидат за членство во Унијата и да се одреди датум за почеток на преговори за пристапување.
XS
SM
MD
LG