Достапни линкови

Мулен:Северна Кореја е опасност која мора да се запре


Северна Кореја преставува голема опасност која мора да биде запрена, изјави американскиот адмирал Мајк Мулен. Но Мулен сепак предупреди дека
било каква реакција кон Северна Кореја мора да биде пропорционална и да не доведе до ескалирање на конфликтот. Говорејќи во Токио, Мулен ја обвини Кина дека не прави доволно и покрај тоа што има поголемо влијание над Северна Кореја отколку која било друга влада. Во меѓувреме, Северна Кореја објави извештај за минатомесечниот смртоносен напад над остров во Јужна Кореја , во кој се брани и ги обвинува Сеул и Вашингтон дека упорно се трудат да ја зголемат напнатоста меѓу двете Кореи.
XS
SM
MD
LG