Достапни линкови

logo-print

Иванов оддржа говор на самитот на ОБСЕ


ОБСЕ имаше значајна улога во Македонија, заврши добра работа и помогна од земја корисник на услугите да стане придонесувач во нејзините цели.Ова го изјави претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќањето на самитот на ОБСЕ во Астана. Тој додаде дека Македонија и целиот регион на Југоисточна Европа ги искористија придобивките од ОБСЕ и споредено со состојбите пред 10 години, ситуацијата во регионот е многу подобра. Иванов истакна дека земјава придонесува за мир и безбедност со своето учество во мисиите во Авганистан, а потврда за постигнатиот напредок на земјата се исполнетите критериуми за НАТО и препораката за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG