Достапни линкови

Обама на турнеја по Азија


Американскиот претседател Барак Обама денеска ја почна турнејата по Азија во рамките на која ќе ги посети Индија, Индонезија, Јужна Кореа и Јапонија. Посетата на Индија тој ја започна во Мумбаи каде што пред две години исламистички милитанти извршија терористички напад при што загинаа над 160 луѓе. По Индија Обама ќе замине за Индонезија каде што како дете живеел 4 години. Тој во Јужна Кореа ќе учествува на самитот на Г20, а во Јапонија на состанокот на АПЕК.
XS
SM
MD
LG