Достапни линкови

logo-print

Повеќе од 110 жртви во цунамито во Индонезија


Најмалку 113 луѓе загинаа, а голем број се водат како исчезнати во цунамито што погоди неколку острови во западна Индонезија. Бројот на жртви постојано расте. Доцна синоќа Индонезија ја погоди земјотрес од 7,5 степени што предизвика бранови високи по 3 метри. Според првичните информации, бранот збришал стотици куќи во две крајбрежни села.
Во цунами во декември во 2004 година, што беше предизвикано од земјотрес со јачина од 9 степени, загинаа повеќе од 220 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG