Достапни линкови

logo-print

Протести со заложници во Романија поради недобиени бонуси


Спонтаниот протест на вработените во министерството за финасии во Романија кој започна вчера попладне, продолжи и во текот на ноќта.Синоќа беше ослободен и министерот кој цел ден го помина заклучен во канцеларијата.
Министерот имал состанок со премиерот Емил Бок, но не е најдено решение за проблемот.
Вработените протестираат бидејќи 2 месеци не добиле бонуси , а платата им е намалена за 25 проценти. Вчера во целата земја имаше протести на јавниот сектор кои се солидаризираа на вработените во министерството за финасии.
XS
SM
MD
LG