Достапни линкови

logo-print

Продолжува протестот на лозарите од Тиквешкиот регион


Сообраќајот на патните правци Скопје - Прилеп, Неготино - Штип и Неготино - Гевгелија, се уште е во прекин поради блокадите што ги поставија од вчера изутрината лозарите од Тиквешкиот регион. Се уште се блокирани и влезовите на винарските визби „Повардарие“ од Неготино и „Тиквеш“ од Кавадарци.
Лозарите бараат примена на договореното од последната средба со министерот за земјоделство и винариите за цените за откуп на годинешното грозје.
XS
SM
MD
LG