Достапни линкови

Пораст на трговскиот дефицит


Зголемениот увоз, а намалениот извоз влијае на зголемувањето на трговскиот дефицит

Зголемениот увоз, а намалениот извоз влијае на зголемувањето на трговскиот дефицит

Трговскиот дефицит на Македонија изнесува милијарда и 159 милиони американски долари и во споредба со изминатите месеци е во пораст.

Пред да се навлезе во дискусијата за ефектите од ваквиот раст, вреди да се објасни што претставува трговскиот дефицит? Објаснувањето го дава економскиот аналитичар на Центарот за економски анализи Шенај Хаџи Мустафа:
Ако увозот е поголем од извозот значи дека имаме дефицит. Во услови кога имаме трговски дефицит тоа би влијаело да се намалат девизните резерви на земјата.

„Ако увозот е поголем од извозот значи дека имаме дефицит. Во услови кога имаме трговски дефицит тоа би влијаело да се намалат девизните резерви на земјата.“

Растот на трговскиот дефицит не мора да секогаш да се интерпретира како лош знак, додава Хаџи Мустафа и појаснува:

„Можеби е некој сигнал дека компаниите почнале да увезуваат повеќе суровини за да ги вклучат во нивнот процес на производство што би било позитивно за економскиот раст на земјата, меѓутоа повторно треба да се види самата таа структура и да се направи подетална анализа.“

Едно од најдрастичните зголемувања на увозната страна се забежува кај поволните автомобили од странство. Според официјални
Можеби е некој сигнал дека компаниите почнале да увезуваат повеќе суровини за да ги вклучат во нивнот процес на производство што би било позитивно за економскиот раст на земјата, меѓутоа повторно треба да се види самата таа структура и да се направи подетална анализа.
податоци, увозот на коли се зголемил за 330 проценти во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Ваквото тројно зголемување е производ на одлучноста на владата за обнова на возниот парк во државата. Сепак, според автоувозниците, спорно е колку ќе биде успешно ваквото „подмладување“. Првиот човек на компанијата - увозник на „Тојота“ во Македонија Гоце Боцевски вели дека од одлуката на власта биле погодени и увозниците на нови автомобили, но и граѓаните:

Автомобили
„Доколку некој просечен купувач на ново возило во Македонија поседува некое возило старо пет до шест години, планира истото да го продаде со цел набавка на ново, неговото возило изгубило на вредност поради либерилизираниот увоз некои 20 до 25 отсто.“

Останува да се види какви ќе бидат ефектите од увозот на поволни автомобили, вели Боцевски:

„Во овој момент се уште е рано за некои прецизни бројки, секако влијае на пазарот на продажба на нови автомобили, на просечната исправност на возниот парк постар од 10 години. Треба прецизна анализа да се направи и да се види дали навистина се подмладува возниот парк.“

Инаку, како што од нова година растел обемот на трговска размена со странство, се зголемувал и трговскиот дефицит. Државната статистика објави дека во првите 7 месеци од годинава обемот на стокова размена е за 9,5% поголем во однос на истиот период лани.
XS
SM
MD
LG