Достапни линкови

Намалени проекциите за економски раст


Зградата на Европската банка за Обнова и развој
Зградата на Европската банка за Обнова и развој

Според новите предвидувања на ЕБОР, годинава Македонија може да очекува економски раст од половина процент.

Понатамошно проблематизирање на невработеноста и зголемување на сиромаштијата се можни ефекти од евентуален пад на економијата, сметаат упатените. Европската банка ги корегираше проекциите за раст на македонската економија. Според новите предвидувања на оваа институција, годинава не` очекува раст од половина процент, наместо од 2,2 насто.
Економскиот аналитичар од Виенскиот институт за економија д-р. Владимир Глигоров вели дека, доколку овие проекции се остварат, тоа ќе значи помалку нови вработувања:
Растот е индикатор за тоа дали ќе може да се очекува не само подобрување на стандардот, туку, што е и поважно дали ќе може да се очекува запослување на
луѓето.


„Растот е индикатор за тоа дали ќе може да се очекува не само подобрување на стандардот, туку, што е и поважно дали ќе може да се очекува вработување на луѓето бидејќи стагнација или низок раст ќе значи дека нема да има побарувачка на нови работни места, значи нема да има вработување.“

Глигоров додава дека евентуален намален раст може да влијае на полнењето на народната каса:

д-р. Владимир Глигоров, економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии
„Растот е основата за буџетските приходи, тоа значи ако нема раст има помали приходи. Друго прашање е дали Владта ќе одлучи да ги намалува расходите или да ги покачува даноците или ќе бара излез во поголем дефицит и задолуважање, тоа се политички одлуки.“

Добро е што Македонија е една од двете земји кај кои и по променетите проекции се бележи раст, смета премиерот Никола Груевски и додава:
Растот е основата за буџетските приходи, тоа значи ако нема раст има помали
приходи .

„Тоа охрабрува, тоа покажува дека ние и уште една држава што таму е спомената, сме практично најнапред во економија во тој дел. Ние засега нашите проекции ги немаме поминато, ќе ја следиме ситуацијата, па ќе се произјасниме.“

Економскиот аналитичар Ден Дончев, пак, смета дека и годинава ќе биде промашена борбата против сиромаштијата и невработеноста.

„Во отсуство на утврдување на годишна стапка на економски раст над 4, 5 или 6% нема шанси ниту да се намали невработеноста, ниту да се намали сиромаштијата, што значи за жал 2010 година ќе биде уште една промашена година на економски план за Македонија.“

Според Европската банка, од седумте земји во регинот, Македонија е втора со највлошена прогноза, веднаш по Романија. Во образложението во извештајот на меѓународната институција се наведува дека промената на предвидувањата се должи на економскиот пад, кој се бележи во првите три месеци годинава.
XS
SM
MD
LG