Достапни линкови

logo-print

19 години од независноста на Македонија, политичките гарнитури се менуваат, а проблемите на граѓаните со години исти - невработеност и беспарица.

И по речиси две децении независност, граѓаните се уште се жалат на истите болки - беспарица, несигурна иднина, невработеност, лоша приватизација, големи давачки кон државата, мито и корупција во институциите... Граѓаните велат дека нема голема разлика меѓу владеачките структури кои во изменативе 19 години седнаа на фунционерските фотелји.

„Фотелјите си ги менуваат, намештаите исто така, некој сакал црвено некој плаво, само тоа е промената, и Кабинетите реновирање.. Што направија?! Народот ни е гладен.“
Тие што седат во фотељите мислат само за свои интереси.

„Се натпреваруваат во перење пари.“

„Тие што седат во фотелјите мислат само за свои интереси.“

„Не сум задоволен од ништо.“
Во селата нема вода, канализација, нема санитарни чворови. Зошто не неправат се да биде како што треба урбанизирано. Зошто прават се во Скопје едно врз друго, набутани, споменици, цркви, мостови.


И политичарите не се задоволни од состојбата во која сега се наоѓа земјата. Вината за тоа си ја префрлаат едни на други. Алексндар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека една од најголемите грешки на минатото е лошо изведената транзиција во 90-тите години.

„Беше на еден крајно нефер начин кој што остави многу луѓе без работа, а од друга страна создаде една многу мала група на луѓе кои што се збогатија и кои што управуваат во моментов во државата и кои што го запираат развојот на државата. Доколку тој процес се изведеше потранспарентно мислам дека граѓаните ќе имаа еден подобар животен стандард.“

Радмила Шекеринска
Радмила Шеќеринска од СДСМ вели дека основата на поголем дел од проблемите е невработеноста.

„Јасно е дека тие работи не можат преку ноќ да се решат, меѓутоа 19 години не е кусо време и за 19 години за жал Македонија не успеа да ја најде вистинската политиката и да ја спроведе без разлика која ќе биде политичката сцена. Во овие четири години за жал не успеавме да мрднеме ниту еден чекор кон нашето членство во ЕУ и во НАТО, а овие две работи се поврзани.“

Рафиз Алити од ДУИ вели дека многу фактори влијаат врз лошата економија.

„И политичката криза внатре во земјата и спорот со Република Грција, јасно е дека допринесува да немаме резултати во оваа сфера бидејќи странските инвеститори бегаат од Македонија.“

Имер Селмани од Нова Демократија потсетува на пропустите во меѓуетничките односи.

„Од друга страна, тенденцијата за воспоставување систем на мајоризација на мнозинството на немнозинските етнички заедници што во 2001 година предизвика конфликт со тешки последици по меѓуетничките односи кои што почнаа да се санираат после потпишувањето на Рамковниот договор.“

Овие недостатоци секогаш паќаат врз грбот на граѓаните кои велат дека политичарите во изминативе години стекнале нова навика- забораваат на своите ветувања.
На некому му одговара ова да не влеземе во НАТО и ЕУ, зошто ако влеземе ќе треба да се воведе
ред.

„Чуда ветуваат, а ништо не прават.“

„Животниот стандард на пензионерите е испод нормала, луѓето немаат пари леб да си купат.“

„Во селата нема вода, канализација, нема санитарни чворови. Зошто не неправат се да биде како што треба урбанизирано. Зошто прават се во Скопје едно врз друго, набутани, споменици, цркви, мостови.“

„Некому му одговара ова да не влеземе во НАТО и ЕУ, зошто ако влеземе ќе треба да се воведе ред.“

Оценките за постигнувањата на Македонија во последниве две децении се поделени.
Во последните 19 години Македонија стана самостојна и независна во време кога Балканот се тресеше од конфликти и политички кризи, нејзината независнот ја признаа 120 земји, стана членка на Обединетите Нации, започна развивањето на дипломатски односи, создадена е и пазарна економија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG