Достапни линкови

logo-print

Протест на „Обединети Македонци“ во Берлин


Пред Брандербуршката капија во Берлин денеска ќе биде одржан мирен протест во организација на Обединети Македонци за Европа под мотото „Името Македонија е нашиот идентитет“.
Петицијата е барање до германската Влада да го смени ставот во однос на признавањето на Македонија под референцата и Македонија да ја признае под нејзиното уставно име.
На протестот меѓу другите ќе говори и поранешниот германски амбасадор и автор на книгата „Македонскиот јазол“ Ханс Лотар Штепан.
Во текот на идната недела се закажани средби во германскиот Бундестаг и во германската Влада каде ќе бидат предадени копии од барањето за признавање на Македонија под нејзиното уставно име.
XS
SM
MD
LG