Достапни линкови

Спасувањето на рударите во Чиле ќе трае еден месец


Чилеанските официјални претставници објавија дека спасувањето на 33- јцата рудари кои се затрупани стотици метри под земја најверојатно ќе трае еден месец, додека се пробие тунел за нивно извлекување. Министерството за здравство соопшти дека рударите ја примиле оваа вест со смиреност. Рударите се наоѓаат под земја од 5- ти август кога се случи несреќата во рудникот за злато и кобалт. Дотурот на мало количество на храна и медицинска помош за рударите во меѓувреме претставува еднствениот контакт со надворешниот свет.
XS
SM
MD
LG