Достапни линкови

Слика на Ван Гог украдена од музеј во Египет


Слика на уметникот Винсен Ван Гог е украдена синоќа од музеј во Египет. Министерот з акултура прво изјави дека полицијата ја пронашла на аеродромот во Киаро, но подоцна за агенцијата Мена соопшти дека се уште се трага по украдената слика. Според првичните извештаи полицијата ја одзела сликата од двајца Италијанци , два часа откако беше украдена, додека тие се обидувале да ја напуштат земјата. Сликата која има две имиња „Булки цвеќиња", како и "Вазна со цвеќе," е оценета дека вреди повеќе од 50 милиони долари. Ова е втор пат уметничкото дело да биде украдено до музејот. Сликата првпат била украдена во 1978 година, но службите ја пронашле 2 години подоцна во Кувајт. Египетски власти никогаш не ги обелоденија деталите за првата кражба на сликата.
XS
SM
MD
LG