Достапни линкови

logo-print

Косово скапо ќе ја чини Србија?


Претседателот на Србија Борис Тадиќ

Претседателот на Србија Борис Тадиќ

Дел од стручната јавност во Србија смета дека Белград би требало да се откаже од својата резолуција за Косво во Обединетите Нации и да се обиде да најде компромис со Брисел. Имено, се смета дека Косово скапо ќе ја чини Србија на нејзиниот европски пат.

По признанието на некои српски официјални лица дека Косовската политика на Белград може да ја загрози европската интеграцијата на Србија, се поставува прашањето дали највлијателните европски земји ќе ја употребат српската кандидатура како средство за притисок во дебатата во Генералното собрание на Обединетите Нации за Косово и дали во тој случај Србија не треба да ја повлече својата нацрт-резолуција од ОН и да се координира со Брисел.

Тања Мишчевиќ, од српскиот Советот за евро интеграција, изјави дека Србија е одговорна за укинување на паралелизмот Косово - Европска унија.

"Во минатата година всушност ние повторно инициравме поврзување на овие два процеси и на тоа дека ако треба да бираме ќе го избереме Косово. Логично е дека тоа има ефект особено меѓу земјите кои веќе ја призна декларацијата за независност. Тие сега имаат полн легитимитет и легалитет да да го вадат тоа прашање како политички услов“.

објаснува Мишевиќ.

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во ОН


Локалните медиуми веќе спомнаа дека пет влијателни членки на Европската унија: Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Холандија ќе се обидат да ја искористат српската кандидатура како средство за притисок во Генералното собрание на ОН за Косово па е малку веројатно дека на Министерскиот совет на Европската Унија во септември, ќе се разгледува српското барањето за членство.

Повеќето аналитичари сметаат дека Србија би требало да размисли и да ја повлече резолуцијата од Обединетите Нации и да ги координира своите позиции со Европската Унија. Компромисот со сите релевантни фактори е неизбежен, смета Тања Мишевиќ.

„Србија треба да изгради партнерство со ЕУ. Грешката е направена со испраќањето на резолуцијата и без да има какви било консултации или конечното прифаќање од страна на Европската унија“.

Како што е познато Србија, по Советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда дека Косовската декларација за независност е легална, испрати резолуција за Косово во ОН со која се бара прашањето за сецесија на Косово да се решава со дијалог меѓу двете страни.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG