Достапни линкови

Не се преговара за поделба на Косово


Српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ изјави дека државата нема тајна политика во врска со косовското прашање и оти не преговора за евентуална негова поделба. Според него, приказните за поделба на Косово само и штетат на, како што изјави, борбата на Белград за зачувување на Покраината која е составен дел на Србија. Тој исто така негира дека постојат планови за формирање автономија на северот на Косово каде што мнозинското население се србите.
XS
SM
MD
LG