Достапни линкови

Фијон:Франција во војна со Ал Каеда


Францускиот премиер Франсоа Фијон изјави денеска дека Франција е во војна со Ал Каеда. Африканскиот огранок на организацијата во неделата објави дека го убиле францускиот заложник Мишел Жермано во знак на одмазда поради убиството на шест припадници на Ал Каеда во неодамнешната акција на војската на Мавританија, со подршка на француските сили. Ал Каеда на 11 јули се закани дека ќе го убие Жермано ако Франција не посредува во ослободуањето на нејзини членови од затвор во Мавританија. Но и покрај ултиматумот француските сили учествувале во акцијата, затоа што се надевале дека ќе го спасат заложникот.
XS
SM
MD
LG