Достапни линкови

Започна воената вежба на САД и Јужна Кореја


Соединетите држави и Јужна Кореја денеска започнаа воена вежба во Јапонското море. Во заедничка изјава на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и министерот за одбрана на Јужна Кореја Ким Јанг Тае се вели дека оваа вежба е прва од неколкуте кои ќе бидат наменети да испратат јасна порака до Северна Кореја дека нејзиното агресивно однесување мора да запре. Вежбата ќе трае 4 дена и на неа ќе учестуваат 20 бродови, 200 авиони и 8000 луѓе од двете страни. Јужна Кореја и САД ја обвинуват Северна Кореја за потопувањето на јужнокорејскиот воен брод во март,при што загинаа 46 луѓе. Северна Кореја негира дека е вмешана во потонувањето на бродот. Северна Кореја како одговор на воената вежба се закани дека ќе одговори со нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG