Достапни линкови

Албанија го зголемува бројот на војниците во Авганистан


Албанија реши да испрати дополнителни војници во меѓународните воени сили ИСАФ на НАТО во Авганистан.
Официјално е потврдено дека Тирана ќе испрати нов контингент од 85 војници во Авганистан од кои 44 ќе бидат ангажирани во борбени операции во подрачјата во кои талибанците се многу активни, јави новинската агенција АТА.
Албанија во рамките на меѓународните сили во Авганистан сега има вкупно 1.060 војници од кои 250 се распоредени во чувствителни подрачја на земјата.
Албанија, исто така, ќе обезбеди сто стипендии за студенти од Авганистан и ќе испрати 30 експерти во мисии за обучување припадници на силите за безбедност во оваа азиска земја.
Албанија минатата година стана членка на НАТО.
XS
SM
MD
LG