Достапни линкови

Меѓународниот Суд за Правда внимателен за Косовската независност?


Мислењето на Меѓународниот Суд за Правда за легалноста на прогласувањето на косовската независност, според некои експерти, ќе биде многу внимателно формулирано. Според Жан Аспермонт, експерт за меѓународно право од Амстердам, судот никогаш нема да го признае правото на сецесија за да не ја отвори Пандорината Кутија за малцинствата во светот, но нема ни да ја окарактеризира независноста на Косово како нелегална, бидејки Косово го признаа 69 земји, меѓу кои САД и 22 членки на ЕУ. Мислењето на судот ќе биде познато во четврток.
XS
SM
MD
LG