Достапни линкови

Градоначалникт на Москва ја налути Украина


Градоначалникот на Москва Јуриј Лужков ја налути Владата на Украина, со изјавата дека треба да го предаде кримско пристаниште Севастопол на Русија. Изјавата на градоначалникот доаѓа на само неколку денови откако Киев го тргна од црната листа на непожелни личности. Лужков се наоѓаше на црната листа од мај 2008 година, за иста таква изјава. Москва и Киев ги укинаа меѓусебните црни листи и му дозволија на московскиот градоначалник пред неколку денови да присуствува на роденденската забава на украинскиот претседател Виктор Јанукович . Денес, меѓутоа, Лужков, изјави дека не ја променил својата позиција за Севастопол.
XS
SM
MD
LG