Достапни линкови

logo-print

Први демократски избори во Гвинеја


Во Гвинеја денеска се одржуваат првите демократски претседателски избори од прогласување на независноста пред повеќе од половина века. Граѓаните очекуваат крај на 50-годишното владеење на воените хунти и почеток на нова демократска ера, јавуваат агенциите. Пред почетокот на изборите претседателот и водач на воената хунта Секуба Конате вети чесни и транспарентни избори, а него и на неговите соработници им е забрането да се кандидираат на изборите. На изборите во Гвинеја право на глас имаат околу четири милиони граѓани.

XS
SM
MD
LG