Достапни линкови

Во Мексико загинале 11 припадници на единицата за борба против дрога


Единаесет припадници на мексиканската единица за борба против дрога загинале кога се срушил хеликоптерот со кој се превезувале, соопштува министерството за одбрана. Во соопштението се наведува дека хеликоптерот се срушил ноќеска а причина биле лошите временски услови. Меѓу настраданите има и еден офицер, а сите кои загинале учествувале во акцијата против нарко-картелите во Мексико. Од декември 2006-та од кога на власт е претседателот Фелипе Калдерон, борбата против нарко-картелите е национален приоритет. Од тогаш во Мексико во судири меѓу криумчарите и припадниците на војската и полицијата загинале околу 23 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG