Достапни линкови

logo-print

Незаинтересираност за македонските евроинтеграции


Знамето на ЕУ

Знамето на ЕУ

Незаинтересираност на европските лидер за македонските евроинтеграции го одбележаа последниот самит на ЕУ. Домашните аналитичари велат дека тоа е очекуван тек на настаните, со оглед на тоа дека од македонската страна во изминативе месеци не беше покажан интерес за некакво придвижување напред во однос на преговорите за името.

Неколу дипломатски чекори и незаинтересираност на европските лидери да го дискутираат прашањето на македонските евроинтеграции на официјално ниво го одбележа и последниот Самит на министрите на Европската унија на кој што, во поглед на проширувањето, беше донесена одлука Исланд да почне преговори за членство. Воглавно, очекуван тек на настанот за македонската јавност. Дел од експертите велат дека е логична последица на атмосферата која што постои во земјава во изминативе месеци.
Кај нас немаше атмосфера која укажуваше дека преговорите се придвижуваат напред, напротив последните три месеци ние повеќе се занимававме со внатрешни прашања, прашања на патриоти и предавници.


„Кај нас немаше атмосфера која укажуваше дека преговорите се придвижуваат напред и дека имаме некаков напредок, напротив последните три месеци ние повеќе се занимававме со внатрешни прашања, прашања на патриоти и предавници. Значи таа тема не беше многу актуелна. Беше актуелна, но на друг пристап, значи немаше позитивен пристап кон темата“, вели аналитчарот Алберт Муслиу.

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле не е изненаден од одлуката на ЕУ, но е изненаден од, како што вели, маневрирањето на штета на Македонија, кое што го одиграл алтернативниот шеф на грчката дипломатија Друцас дека Македонија и Грција се пред решение за спорот за името, на што според него се надоврзал и предлогот на австрискиот аналитичар Кнаус за решавање на прашањето кој што не може да се реализира. Сето тоа, вели Чашуле, беше надополнето со уште една потврда на немоќта и недостигот од политичка воља во ЕУ во однос на проширувањето.


„Дури верувам и во коментарите кои што во последно време се слушаат дека одредени земји членки зад оваа позиција на Грција го кријат
Дури верувам и во коментарите, дека одредени земји членки зад оваа позиција на Грција го кријат својот отпор за проширување на ЕУ кон Западниот Балкан.
својот отпор за проширување на ЕУ кон Западниот Балкан, особено сега кога самата Унија е во тешка криза - и политичка и финансиска.“

Од друга страна, она што аналитичарот Муслиу го видел на Самитот е и скромната дипломатска активност од македонска страна. Средбата на премиерот Груевски со комесарот за прошируравњето Штефан Филе, вели тој, не е ниту нешто што многу значи со оглед на тоа што од него ја имаме препораката.
Адресата каде што дипломатијата требала да поработи е европскиот Совет. Филе, како што беше најавено очекувал добри вести од македонска страна, но ја доби само пораката дека Македонија останува посветена на процесот на интегрирањето но дека билатералнотото прашање со Грција е злоупотребено од Грција и дека Македонија очекува почитување на Привремената спогодба.
XS
SM
MD
LG