Достапни линкови

Груевски и Папандреу - без промени


Премиерот Никола Груевски на вчерашниот митинг во Скопје

Премиерот Никола Груевски на вчерашниот митинг во Скопје

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Брисел се сретнa со својот грчки колега Јоргос Папандреу. Според првичните информации нема промена во ставовите на двете земји. Средбата, како што потврдуваат во Кабинетот на Груевски, е договорена на заедничка иницијатива и е во духот на веќе воспоставените билатерални контакти на премиерско ниво.

Премиерот Никола Груевски денеска престојува во Брисел каде што се сретна со грчкиот премиер Јоргос Папандреу а потоа и со еврокомесарот Штефан Филе на маргините на самитот на ЕУ.

Средбата, со Папандреу, како што потврдуваат во Кабинетот на Груевски, е договорена на заедничка иницијатива и е во духот на веќе воспоставената пракса на билатерални контакти на премиерско ниво. Ова беше петта тет-а-тет средба Груевски Папандреу. Претходните четири беа оценети како корисни за зголемувањето на довербата и разбирањето меѓу двете страни, но не донесоа напредок во решавањето на билатералниот спор за името.

Очекувања, опозиција, ситуација!

Начинот на кој ќе биде дочекан ќе зависи и од пораките на партискиот митинг по повод дваесетгодишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Вчерашниот говор беше проследен со посебно внимание од меѓународната заедница, особено со ставање на акцент на прашањето за спорот со името. Споменувањето во говорот дека во последните неколку години, а особено во последните неколку месеци има големи
Или барање изговор зошто мора да прифати извесни остапки или пак објаснување на неговите симпатизери, на граѓаните на Македонија, зошто стои тврдо и нели со тоа да спечали нови политички поени.
притисоци за името, политичките партии го сфаќаат повеќезначно:

„Или барање изговор зошто мора да прифати извесни остапки или пак објаснување на неговите симпатизери, на граѓаните на Македонија, зошто стои тврдо и нели со тоа да спечали нови политички поени“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП.

Откако министрите за надворешни работи на ЕУ, во понеделникот ја ставија настрана препораката за преговори со Македонија, со што одлуката за датум практично е оставена за некој друг самит, во СДСМ искажуваат разочараност од владата. Тоа што нашата земја ја немаше во заклучоците зборува дека владата нема концепт, коментира Андреј Петров:

„Одат само на една ситуација во која сакаат пред народот да претстават колку им е тешко, како сите се против нив.“

Изјавите во говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по повод 20 годишнината од партијата во кој се споменува и дека има закани врз партијата и за одземање на власта ако не се реши спорот со името, во коалицискиот партнер ДУИ не сакаат по автоматизам да ги коментираат како партиски ставови со оглед на тоа, што како што рече Ермира Мехмети од таа партија, дека се тоа изјави искажани на митинг:
Од друга страна воопшто не мислам дека ДУИ може да е таа политичка партија која што уценува или се заканува со некакво одземање на
власта.


Музичар на вчерашната прослава на родендот на ВМРО ДПМНЕ низ улиците на Скопје
„Во таа смисла не би го коментирала како некој конечен став или сериозно гледање или толкување на односите на политичката сцена. Од друга страна, воопшто не мислам дека ДУИ може да е таа политичка партија која што уценува или се заканува со некакво одземање на власта.“

Во ДУИ изразуваат очекувања дека денеска во Брисел и утре на самиот ќе се создаде клима за некакво приближување барем минимално во позициите меѓу Македонија и Грција за да може да се надмине спорот:

„Тоа е нешто што го очекуваме. Дали тоа се нарекува притисок или придонес или иницијатива од ЕУ веројатно е најмалку битно во моментов.“

Во опозциските партии не очекуваат ништо значајно од самитот на ЕУ. Следниот министерски состанок на ЕУ ќе се одржи на 27 јули кога се планира и следниот дијалог ЕУ-Македонија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG