Достапни линкови

САД остануваат подржувач на Јужна Кореја


Соединетите држави ја подржуваат Јужна Кореја и двете земји ќе се спротистават на провокациите на Северна Кореја , изјавил денеска во Сеул помошникот на државниот секретар за односи со источна Азија, Курт Кемпбел. Односите меѓу двете Кореи се затегнати особено во последно време, бидејќи при крајот на март потона брод на јужнокорејската морнарица при што загинаа 46 луѓе, а Сеул за тоа го обвини северниот сосед. Пјонгјанг негира вмешаност во случајот и порача ако поради тоа ОН реагираат, Северна Кореја може да предизвика вооружани инциденти па дури и нуклеарна војна.
XS
SM
MD
LG