Достапни линкови

Несреќа во Бангладеш, 12 мртви


Најмалку 12 луѓе загинале денеска во Бангладеш кога се превртел траектот со кој се превезувале. Десет од загинатите се деца, а повеќе од десетина луѓе се водат за исчезнати, соопштиле тамошните власти. Локалните власти соопштиле дека на траектот имало повеќе патници отколку што било дозволено. Несреќите со траекти се чести во Бангладеш, бидејќи не постојат правила за безбедност на речниот сообраќај и често на траектите се превезуваат повеќе луѓе отколку што е дозволено
XS
SM
MD
LG