Достапни линкови

Мандатот на ЕУЛЕКС ќе биде продолжен до 2012 година


Советот на Европската унија ќе го продолжи мандатот на мисијата на Европската унија на Косово, ЕУЛЕКС до 8 јуни 2012 година, јавуваат агенциите од Брисел каде што српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ разговарал со официјални претставници на ЕУЛЕКС. Притоа тој побарал мисијата да спречи секаков вид насилство и да воспостави подобра комуникација и координација со српските власти. Богдановиќ на средбата забележал дека за косовските Срби и за официјален Белград не е прифатлив никаков план за интеграција на северно Косово.
XS
SM
MD
LG