Достапни линкови

Вежба на специјалната единица „Волци“


Специјална единица на АРМ
Специјална единица на АРМ

Масикарани за никој да не ги забележи меѓу дрвјата, вооружени со вештини и знаење, поделени во групи, во акција, но сепак бесшумно ги затекнавме 30-тината припадници на специјалната единица „Волци“, при нивниот тренинг во битолско Мариово каде практицираат базирање и преживување.

Две групи го пребаруваат теренот за да најдат храна од растително и животинско потекло, додека три групи ја поставуваат инфраструктурата на кампот, што го сочинуваат 10-тина шатори, кујна, со ѕидана печка со дрва и земја, филтер за водоснабдување со питка вода и тоалет. И така секој ден, ротираат од една во друга група, за да ги совладаат сите вештини, за да може секој војник, не само во група, туку и сам да опстане во природа и да преживее колку што е потребно.
Се чувствувам способен секаде и надвор од државата, да се снајдам, да преживеам. Мора да има слога со сите, ако еден не работи, значи нешто не штима, треба и неговата работа да се работи,сите си ја знаат својата работа, слогата е на високо ниво,
се дружиме.


„На два-три пати доаѓање на ваков терен се совладуваат сите, сите билки се учат, начин за да се опстане во природа. Треба да се исклучиш надвор пошто си од цивилизација, да се исклучиш скроз. Се чувствувам способен секаде и надвор од државата, да се снајдам, да преживеам. Мора да има слога со сите, ако еден не работи, значи нешто не штима, треба и неговата работа да се работи,сите си ја знаат својата работа, слогата е на високо ниво, се дружиме“, изјави еден од припадниците на специјалната единица „Волци“, кои со оглед на задачите остануваат анонимни за јавноста.

Секојдневниот поход по храна со тренингот „преживување“ завршува со богато приготвена трпеза. Месо и кајгана од желки, полжави, змии, диви зајаци,див компир, и корпива, супа од штавел и вкусен леб печен во фурна, разни видови печурки се само дел од менито на единицата.

„Има од тие што ги наоѓаме буковка, има пуфка, таа што е слична на буковката и значи го имаме штавелот, тој е многу богат со железо.“

„Приготвување на плескавици од растителни билки значи со див компир и салеп, месото повеќе е зајачко, значи во замките имаме фатено повеќе зајци.“

„Секоја змија се јаде и да е отровна, отровот го чува во главата, ја ставаме, се сече прст до два позади главата, кожата се влече надолу, се дере“, ни раскажуваа, а во исто време и ја подготуваа храната македонските „Волци“, а нивниот командир посочува на задачите на единицата вториот и секој дена натаму.

„Веќе вториот ден нашите тимови, нашите припадници ја изучуваат целата оваа околина. Значи се изучува покрај билките, покрај животните се изучува и релјефот и инфраструктура што може да се најде. И ние утврдивме овде дека таа линија на фронтот што поминувала, се околу нас, или во таа линија има се уште уредени ровови од Првата светска војна.“

А, мајор Драганчо Војнески, посочи на дел од целите на тренингот.

„Да се нагласи виталната фунцкија на лидерот,тука се гледаат сите човечки особини на војниците. Значи многу е битен и психолошкиот момент да се најдете седум-десет или до 15 дена во ваква средина.“

Индивидуалната обука велат од специјалната единица „Волци“ се користи во воени услови, но добро маскираниот војник кој знае да постави заседа, не само што ќе има добар плен од ловот и риболовот, туку тоа ќе биде потврда дека ја совладал и воената тактика.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG