Достапни линкови

logo-print

Коњаноски и Стојановски во Авганистан


Министерот за одбрана Зоран Коњановски

Министерот за одбрана Зоран Коњановски

Делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, предводена од министерот Зоран Коњаноски и началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, вчера пристигна во традиционалната велигдeнска посета на македонските мировници во Авганистан. Министерот Коњаноски пред македонските војници во Баграм рече дека Македонија е мала земја по територија, но голема во коалицијата за борба против тероризмот.

Дополнителниот контингент од 79 македонски војници е распореден во конфликтниот јужен дел на Авганистан и ќе извршува поризични задачи од досегашните, информираат во Министерството за одбрана. Контингентот ќе дејствува заеднички со единицата на националната гарда од Вермонт.
Ризикот споредено со она што досега го имавме како мисија во Кабул е значително повисок, значи, самата област, југот на Авганистан е поконфликтна област, но и типот на мисијата којашто ќе ја извршува е поризична затоа што ќе мора во одредени операции да се дава и логистичка поддршка односно присуство на нашите инструктори.

Војниците се веќе во Авганистан и чекаат распоредување. Тие се стационирани во Баграм, но ќе делуваат на пошироко подрачје.
Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев посочува дека примарна задача на дополнителните македонски војници ќе биде обука и менторство на авганистанските безбедносни сили.

„Ризикот споредено со она што досега го имавме како мисија во Кабул е значително повисок, значи, самата област, југот на Авганистан, е поконфликтна област, но и типот на мисијата којашто ќе ја извршува е поризична затоа што ќе мора во одредени операции да се дава и логистичка поддршка односно присуство на нашите инструктори.“

Тој не очекува македонските војници да имаат поголеми проблеми во извршувањето на обврските.

„Сметам дека нашите војници ќе бидат на ниво на задачата бидејќи таму испративме два вода од најелитните единици во АРМ. Еден вод од воената полиција и еден вод од ренџерите.“

Делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, предводена од министерот Зоран Коњаноски и началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, вчера пристигна во традиционалната велигдeнска посета на македонските мировници во Авганистан. Тие се сретнаа со високи воени команданти на мисијата ИСАФ.
Министерот Коњаноски пред македонските војници во Баграм рече дека Македонија е мала земја по територија, но голема во коалицијата за борба против тероризмот.

Земјава во мировната мисија ИСАФ во Авганистан во моментов учествува со 242 војници. Во мисијата во Авганистан македонската армија почна со учество во август 2002 со симболично испраќање на двајца офицери во рамките на турскиот контингент. До сега во Авганистан поминале 1 264 македонски војници. Македонија е една од земјите кои имаат најмногу војници во Авганистан според бројот на жители.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG