Достапни линкови

logo-print

Денеска одбојкарски натпревар Македонија - Шпанија


Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска со одигрувањето на натпреварот против Шведска денеска попладне ќе го заврши настапот во квалификацискиот турнир за Европското првенство 2011 во Австрија и Чешка. Во вториот натпревар од третото коло со почеток од 17 часот и 30 минути Холандија игра против Португалија. По турнирот во Скопје и по одигрувањето на две рунди во Ротердам познато е дека директно учество на евро-шампионатот идната година обезбеди Португалија по синоќешната победа над Шведска со 3:2, откако Швеѓаните водеа со 2:0 по првите два сета. Домаќинот на турнирот Холандија преку бараж ќе се обиде да обезбеди учество на ЕП. Холанѓаните после победата над Македонија од 3:0 во сетови го обезбедија второто место во групата.
XS
SM
MD
LG