Достапни линкови

Протест на професионалните војници пред Владата


Професионалните војници здружени во независниот синдикат на професионални војници денеска пред Владата протестираа и побараа средба со премиерот Никола Груевски за решавање на нивниот статус, како и овозможување непречено одржување на работните состаноци. Претседателот на синдикатот Веле Крбалевски изјави дека досега немале никаков одговор од Владата за средба, иако тоа повќе пати го побарале за конечно решавање на нивниот статус. Немало и никакви подобрувања во однос на нивните барања за одржување на синдикални соостаноци во касарните. „Со месеци се обидуваме да го подобриме статусот на професионалните војници. Неколкупати баравме прием во Владата, но немаме никаков одговор. Затоа се одлучивме на активирање на протестот со таканаречени дежурства пред Владата со надеж дека ќе добиеме некаков показател за решавање на статусот на професионалните војници“ рече Крбалевски.
XS
SM
MD
LG