Достапни линкови

Идната стратегија на НАТО


НАТО мора да победи во војната во Авганистан, да ги прошири врските со Русија, да ја има предвид заканата од Иран и да им ја гарантира безбедноста на сите 28 земји – членки. Ова се препораките на групата од 12 експерти, предводени од поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт, објавени денеска во Брисел, кои ја изготвуваа новата стратегија на НАТО. Генералниот секретар Андерс Фог Расмунсен изјави дека во препораките се содржани најургентните предизвици со кои се соочува Алијансата. Овој извештај ќе биде основа за дискусија на наредниот самит на НАТО, во ноември во Лисабон. Претходниот стратегиски концепт на НАТО е од 1999-та година, кога во фокусот беа Босна и Косово.
XS
SM
MD
LG