Достапни линкови

Црквата е повредена од грев, изјави Папата


Папата Бенедикт шеснаесетти изјави дека црквата била „повредена од грев“, откако скандали за педофилија ја потресоа католичката верска заедница. Папата ја даде изјавата за време на посетата на Малта, првото патување на првиот човек на католичката црква по избивањето на скандалите во Европа и Соединетите американски држави. Во изминатиов период се обелоденија обвинувања за сексуална злоупотреба на малолетници од страна на свештени лица. Контроверзија ја тресе верската заедница од пред велигденските празници а не изостануваат ни обвинувањата на адреса на Папата во врска со неговите постапки за справувањето со скандалите.
XS
SM
MD
LG