Достапни линкови

Приврзаници на опозицијата насилно влегоа во владината зграда во Талас


Премиерот на Киргистан ја демантираше информацијата дека регионален гувернер е заложник на приврзаниците на опозицијата кои протестираат во градот Талас во северозападниот крај на земјата. Премиерот Данијар Усенов потврди дека гупа приврзаници на опозицијата успале да влезат во владината зграда во Талас, дополнувајки дека власта ќе распредели уште стотина полицајци на местото на настанот. Забелешките на Усенов следат по изјавата на претставник на опизициската партија Ата – Мекен. Во телефонски разговор за агенцијата „Ројтерс“ Коисун Курманалиева, јавувајки се од владината зграда рече дека дел од насобраните пред владата влегле во објектот. „Гувернерот е тука. Го земаа за заложник“ рече Курманалиева.
XS
SM
MD
LG