Достапни линкови

logo-print

Словенечката министерка за култура во посета на Македонија


Министерката за култура на Словенија Мајда Ширца денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија и со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе разговара за продлабочување на културната соработка меѓу двете земји.
Двете министерки вечер во Музејот на современа уметност ќе се обратат на отворањето на изложбите „Современа словенечка архитектура 1999-2010“ и „Јоже Плечник (1872-1957), архитект во Љубљана, Прага и Виена“, во рамки на 15. Биенале на македонска архитектура „БИМАС 2010“.
XS
SM
MD
LG