Достапни линкови

Акселрод: Израел ги навреди САД


Главниот политички советник на американскиот претседател Барак Обама, Дејвид Акселрод ги опиша плановите на израелската влада да изгради 1600 живеалишта во еврејскиот дел од Источен Ерусалим како „деструктувни“ за мировниот процес на Блискиот Исток.
Тој оцени дека одлуката на Израел е навреда за САД.
Една од големите пречки за постигнување мировен договор меѓу Израел и Палестинците е проширувањето на израелските населби што се наоѓаат во палестинските територии.
XS
SM
MD
LG