Достапни линкови

Турција ја осуди одлуката на Шведскиот Парламент


Турција денеска по информативниот сосотанок на министрите на Европската Унија во Финска, ја искористи приликата да ја осуди одлуката на шведскиот Парламент да го етикетира убивањето на Ерменците во Првата светска војна за „геноцид“. Турскиот министер за надворешни работи, Ахмед Давитоглу по средбата со својот шведски колега, Карл Билдт изјави дека резолуцијата за Турција претставува „шокантен развој на настаните“. Билд изрази жалење и истакна дека политизацијата на историјата на никому не му е од корист. Тој додаде дека мора да се продолжи понатаму. Турција по гласањеето на шведскиот Парламент го повика својот амбасадор од Стокхолм и го откажа патувањето на турскиот премиер Реџеп Тајуп Ердоган во Шведска.

XS
SM
MD
LG